
Во првото дерби на Тесалија после 27 март 2013, АЕЛ Лариса го доби Ники Волос со резултат од 1-0.
Имено, двете екипи од двата најголеми градови од земјоделскиот регион на Грција се соочија во четиринаесеттото коло од грчката Супер лига 2 Север.
Во дваесет и четвртата минута, Ники имаше шанса да го отвори резултатот, но ударот од белата точка на Антонио Рохано беше одбранет од Константинос Теодоропулос.
Дваесет минути подоцна, стрелец на единствениот погодок беше Димитрис Мавријас (45′), кој му ја донесе на АЕЛ третата победа во низа без примен гол.
Со единаесет одиграни средби, АЕЛ се наоѓа на второто место со два бода заостаток зад првопласираната Верија, но од позадина, со два натпревари помалку, демнат Ксанти и Кардица.
Од друга страна, клубот од Волос игра променливо и се наоѓа на шестото место на табелата.




