Естрадниот уметник, фолк пејачот Методија Столески во соработка со Алфа бенд од Скопје направи проект Обработка на неколку Македонски песни што ќе бидат објавени во овој месец. Комплет миксирање на инструменти и аудио звук (микс & мастеринг) е на Методија Столески. Првата под наслов Љубовен танц беше промовирана на 07.01.2022 додека втората под наслов Леле Јано на ден 13.01. 2022. Во изминатиов период Методија беше вклучен и во проектот Нови и Млади како гостин за поддршка на младите како да ја негуваат Македонската музика.
Во наредниот период следи нова авторска песна со која ќе настапи на фестивалот Гоце фест во февруари.Текстот го пишуваше г-динот Огнен Неделковски додека музиката и аранжманот се од Цане Петров. Насловот на песната се вика “Крв Македонска” нова патриотска песна.