Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа на стартот на турнирот во Севилја, ја совлада домашната претставничка Алба Реј Гарсија со 2:0 во сетови.
Во второто коло, Ѓорческа (279 на ВТА листата) ќе игра против Италијанката Мартина ди Џузепе (283 на ВТА листата).



