Чешката 30-годишна тенисерка, Петра Квитова го кажа своето мислење дека ако е во план Гренд Слем турнирите оваа сезона да се играат без публика, таа воопшто не размислува да игра и би го откажала учеството. Таа смета дека тоа се најпрестижните турнири во светот и дека не доликува да се играат без публика.