Турскиот великан тимот на Фенербахче е решен да донесе двоец од Рома, а се работи за дефанзивците Хуан Хесуз и Мерт Четин. Бразилецот го изгуби првотимскиот статус на ,,Олимпико” и сега вреди 2.5 милиони евра, додека Четин не се адаптира во Серија А и најдобра варијанта е за него да го напушти тимот. Турчинот вреди некаде околу 3 милиони евра. Во игра за овие играчи е ривалот на Фенербахче, тимот на Галатасарај.