
На првиот меѓусебен дуел во 2023, КалПа ја оправда фаворитската улога и го порази Асат со 4-0.
На мечот, домаќините забија два гола во првата третина, а потоа додадоа уште по еден во наредните два периоди.
Двоен стрелец за клубот од Куопио беше Јуусо Кононен, а по еднаш реализираа Каспер Симонтаивал и Јуусо Маенпаа.
Помеѓу стативите на КалПа стоеше голманот Јуха Јаткола, кој дојде до четвртиот шут-аут во сезоната, имајќи 13/13 одбрани.
На табелата, КалПа го зазема шестото, а Асат – деветтото место.