
Во рамките на четириесет и првото коло од англискиот Чемпионшип, Кардиф го порази Рединг на гостински терен со 1-2.
За претставниците на Велс, ова беше прва победа на ,,Мадејски Стадиум” после 19 ноември 2011, кога триумфираа со ист резултат.
На денешната средба, Рединг дојде до почетно водство преку седмиот овосезонски погодок на Лукас Жоао во седмата минута.
Сепак, во вториот дел, гостите направија целосен пресврт, благодарение на дебитантскиот гол на Алфи Доути (59′) во синиот дрес и на резервистот од клупата – Вил Волкс (85′).
Со новите три поени, Кардиф остана на седумнаесеттата позиција и официјално обезбеди опстанок.
Од друга страна, Рединг е сигурен, но математички сè уште нема обезбедено второлигашки фудбал за наредната сезона.