
Во првите пет сезони од воведувањето на АФЛ во женска конкуренција, екипата на Аделаид Краус има рекордни три титули.
По првите две круни во воведните две сезони (2017 и 2018), ,,Враните” се вратија на тронот, откако во денешното финале ги совладаа Мелбурн Демонс со (4.5) 29-16 (2.4).
Во релативно неефикасниот натпревар, новите шампионки се истакнаа со фактот дека постигнаа по еден гол во сите четири четвртини.
Единствена двојна голгетерка беше Даниел Понтер (2.1), а по еден погодок од шест поени имаа уште Џасмин Хјует (1.0) и Ерин Филипс (1.0).
На спротивната страна, топката помеѓу средните стативи ја сместија само Кејт Хор (1.0) и Алиса Бенан (1.0).
Во полуфиналето, Аделаид го совлада Фриментл со 40-26, додека Мелбурн беше подобар од Бризбејн со 33-29.