Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со победите на Челинџер 100 турнирот во Јаши, Романија. Вчера тој го победи домашниот тенисер Филип Кристиан Јиану со 2-1 во сетови (3:6 6:4 6:3) за 2 часа и 9 минути игра.
Тој утре во четвртфиналето ќе игра против Стивен Диез од Канада (278 место на АТП).