Младинците беа убедливи против Ирска 77:66, за прва позиција во групата, а за место во полуфиналето ги чека селекцијата на Велика Британија
Со оваа победа, нашата машка селекција „Под 20“ години, со скор (3-1), најдобар во „триаголникот“ со репрезентациите на Бугарија и на Чешка, го освои првото место во групата „А“. За противник во четвртфиналната фаза ќе ја има селекцијата на Велика Британија, која со скор (2-2) заврши како второпласирана во групата „Б“.