На денешната програма од Светскиот куп во санкање беа првите трки во дисциплината спринт.
Кај мажите, победа запиша Италијанецот Доминик Фишналер (34,833) пред Роман Репилов (+0,039) и пред Волфганг Киндл (+0,050).
Во женска конкуренција, најбрза по вторпат во текот на денот, беше Јулија Таубитц (31,743), а подиумот го комплетираа Самер Бричер (+0,023) и Дајана Ајтбергер (+0,032).
За крај, од машките дублови, браќата Андрис и Јурис Шикс (31,385) беа најбрзи на олимписката патека во Сочи, оставајќи ги зад себе Александер Денисев/Владислав Антонов (0,038) и Робин Гојке/Давид Гам (+0,068).