Германката Јулија Таубитц ја запиша четиринаесеттата победа во својата кариера, откако беше најбрза на третата овосезонска трка од Светскиот куп во санкање.
Актуелната шампионка во спринт ја помина патеката во Сочи за вкупно време од 1:39,434, а исто така водеше и после првата серија.
Нејзината сонародничка, Натали Гајзенбергер (+0,368) ја освои втората позиција, а на најниското место на подиумот се искачи Летонката Кендија Апарјоде (+0,422).
Со првата победа во сезоната, Таубитц го презеде првото место во генералниот поредок пред Ана Берајтер и пред Маделен Егле.