Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со победа од 2-0 (по сетови 7:6 и 6:2) против Германецот Петер Гојовчук (392. АТП листа), се пласираше во осминафиналето од Челинџер турнирот во Братислава, Словачка.
Во второто коло од турнирот Ивановски ќе игра со подобриот од дуелот на чешкиот тенисер Мачац (96. АТП листа) и Американецот Дем.