Алкалоид тимот предводен од селекторот Кире Лазаров останува перфектен во Суперлигата! Во рамки на шестото коло тимот ја забележа шестата победа, убедливо совладувајќи го МРК Куманово 21-34
Најефикасни играчи во таборот на РК Алкалоид беше Михајло Младеновиќ со 9 гола, додека Мартин Серафимов стрелаше 6 пати.
Во следната рунда РК Алкалоид го чека дерби-дуел против тимот на ГРК Тиквеш 2014 (четврток, 12.10.2023, 19:00 часот), тим кој исто така нема пораз во досегашниот дел од сезоната.