
Бреша цели кон враќање во Серија А, откако влезе во 2022 со победа од 0-2 против Реџина.
Реџина, во пресрет на дуелот, важеше за благ аутсајдер, пред сè поради едниот освоен бод на последните шест средби.
Денес, претставниците на Калабрија загубија од Бреша на стадионот ,,Оресте Гранило” за првпат после осум години.
Протагонист на натпреварот беше напаѓачот на гостите, Флоријан Аје (16′, 30′), кој ги постигна и двата погодоци.
За Французинот, денешните голови беа први во 2021/22 на петтиот овосезонски настап.
,,Горд сум за изданието на сите. Аје, Карачиќ, Уар: некои играчи имаа помала минутажа, но се покажаа подготвени. Со претседателот и со директорот имаме многу добри односи и затоа беше важно да го завршиме гостувањето на добар начин.” – се огласи тренерот на победничкиот состав – Филипо Инѕаги.
На табелата, Бреша го зазема второто место, додека Реџина е четиринаесетта со шест бодови предност во однос на плејаут-зоната.




