
Нигерија обезбеди пласман во нокаут-фазата од Африканскиот куп на нации, откако ја запиша втората победа во низа.
Во првото коло, Нигеријците го победија Египет со 1-0, а во второто коло го добија Судан со рутински 3-1.
Фаворитите уште од почетокот ја започнаа својата доминација, а на полувремето водеа со 2-0, благодарение на Самуел Чуквуезе (3′) и на Таиво Авонији (45′).
Во првата минута од вториот дел, победниците стекнаа недостижна предност од 3-0 со седмиот гол на Мосес Симон (46′) во репрезентативниот дрес.
До крајот, Судан успеа да го ублажи својот пораз преку Валиелдин Хадир (70′), кој погоди од пенал.
Доколку Гвинеја-Бисао не го победи Египет во вториот натпревар од групата Д, Судан, за четири дена, во директен дуел со соиграчите на Мохамед Салах, ќе се бори за второто место и покрај двата воведни порази.




