
Екипата на Јоникос го запиша четвртиот лигашки пораз во низа, откако, во осумнаесеттото коло од грчката Супер лига, загуби со 2-1 од Ламија.
Двете екипи пружија тврд фудбал на стадионот ,,Атанасиос Дијакос” и упатија вкупно три удари со стопроцентна реализација.
За домашниот состав, на стартот стрелаше Лазар Романиќ (11′), а Алхасан Бангура (86′) зголеми на 2-0 после само две минути поминати на теренот.
Од друга страна, гостите немаа постигнато погодок уште од 11 декември 2021, а овој негативен пост го прекина Василиос Манцис (90+1′).
На табелата и двата тима имаат по четиринаесет поени, доволни за единаесеттото, односно за дванаесеттото место.




