Белгиската тенисерка Ким Клајстерс наскоро ќе наполни 37 години, а пред неколку години беше тенисерка број еден во светот. Клајстерс е членка на Меѓународната куќа на славните од 2017 година. Белгијката во својата кариера има осовено 41. ВТА титула, заработи повеќе од 25 милиони долари само од наградни фондови. На врвот на ВТА листата беше во 2003 година.
Клајстерс три од своите четири грен слем титули ги освои на турнирот во Њујорк (2005, 2009 и 2010 ), а во 2011 година го подигна пехарот и на Австралија опен. Првпат ја прекина кариерата во 2007 година, а се врати на теренот две години подоцна. Вторпат ја заврши кариерата во 2012, но по осум години пауза и три деца одлучи пак да и се врати на старата љубов.