Скаутите знаат ретко да погрешат, но сепак можност за грешка постои. Таков е случајот со италијанскиот напаѓач Лука Тони за кои што скаутите сметале дека е бавен и дека не може да успее во елитниот фудбал. Но упорноста и квалитетите на Тони преку италијанските нисколигаши дојде до повик од Палермо за кој што во 80 настапи постигна 50 гола.
Од овој момент неговата кариера доби сосема нов лик, каде што направи трансфер во Фиорентина и беше прв стрелец во лигата со 31 погодок, исто така со Италија го освои Светското првенство, а потоа премина во Баерн Минхен каде беше прва ѕвезда во тимот.
По успешните неколкугодишни сезони се врати во Италија и настапуваше за Рома, Јувентус, па повторно во Фиорентина за на крај во Верона на 37-годишна возраст постигна 22 гола. Лука Тони засекогаш ќе биде врежан во меморијата на искрените љубители на фудбалот и ќе биде омилен лик.



