
Од вкупно седум овосезонски натпреварувања во Светскиот куп во нордиска комбинација, Јарл Магнус Риибер учествуваше на шест од нив.
Норвежанецот, на сите шест трки, беше убедливо првопласиран што го држи на првата позиција во генералниот поредок.
На денешното натпреварување во Рамзау, Австрија, актуелниот шампион стекна огромно водство уште во првата серија, откако беше единствен што прескокна над 100 метри (102 м).
Во скијачкиот дел, Риибер ги помина десетте километри за 24:02,0 минути, оставајќи ги зад себе сите останати конкуренти.
На второто место се пласираше Винценц Гајгер (+28,0), додека, во фотофиниш, најдобриот тркач, Илка Херола (+31,9), му го ,,украде” подиумот на Јоханес Лампартер (+32,0).