Денешната олимписка програма во фристајл скијање во себе го вклучуваше женското натпреварување во слоупстајл.
На него, среброто од Пјонгчанг 2018 во златен медал го претвори Швајцарката Матилде Гремод, која доби 86,56 поени.
Само 0,33 поени помалку освои Кинеската Еилеен Гу (86,23), која го доби првото олимписко сребро после златото во биг ер од пред една недела.
Водечката после првата серија, Кели Силдару (82,06), накрај се закити со бронза, откако дебитираше на олимпискиот пиедестал и го донесе првиот овогодишен медал за Естонија.
Од дванаесетте финалистки, во првите пет завршија уште Анастасија Таталина (75,51) и Меги Воисин (74,28).