
Под водство на новиот тренер Џеј Вудкрофт, Едмонтон Оилерс го запишаа вториот триумф, откако синоќа ги надиграа Сан Хозе Шаркс со 0-3.
Важна одлука на Вудкрофт беше ставањето на Стјуарт Скинер помеѓу стативите, кој со 20/20 одбранети шутеви го запиша својот прв шут-аут во НХЛ.
Веќе после шест минути игра, Варен Фегеле го отвори резултатот, а само 65 секунди подоцна, на 0-2 зголеми Дарнел Нурс.
Оилерс играа далеку подобро во преостанатиот дел од мечот и покрај водството, а конечниот резултат го постави Конор МекДејвид на стартот на третата третина.
Во Западната конференција, Едмонтон скокна на деветтата позиција, додека Сан Хозе го зазема тринаесеттото место.