
На само три дена пред неговиот осумнаесетти роденден, Кинезот Су Јиминг се закити со орвото олимписко злато во својата кариера.
17-годишниот Јиминг дојде до титулата во дисциплината биг ер во сноубординг, откако собра 182,50 поени.
Второто место го зазеде дебитантот на олимпискиот подиум, Норвежанецот Монс Роисланд, со освоени 171,75 поени.
На третата позиција се пласираше новиот олимписки првак во слоупстајл, Макс Перот (170,25), кој дојде до третото одличје на ЗОИ.
Во првите петмина се најдоа уште Јапонецот Хироаки Кунитаке (166,25) и Американецот Ред Жерард (165,75).




