Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со својата партнерка Валерија Страхава, во конкуренција на двојки го освоија ИТФ-фјучерсот во Грузија.
Ѓорческа и Страхава во финалето ја совладаа аргентинско-италијанската комбинација, Викторија Босио- Анџелика Моратели по сетови со 4:6,6:4,10:5. Противничките го освоија првиот сет со 4:6. Ѓорческа и Страхава во вториот сет дојдоа до израмнување на 1:1 во сетови. Последниот сет им припадна на нашата Ѓорческа и Страхава кои први дојдоа до 10 поени и ја освоија титулата.



