Лина Ѓорческа заедно со Деа Херџелаш од Босна и Херцеговина славеа со 2:0 во сетови во рамките на осминафиналето на вториот фјучрс во Телави, Грузија, кој исто како и минатонеделниот се игра со награден фонд од 25.000 долари.
Ѓорческа и Херџелаш за точно еден час ги победиле Грузијките Гагошиѕе и Нацвлишвили со 6:1 и 6:4 и во наредното коло ќе играат против израелско-бугарскиот пар Кимки/Топалова.