Со помош на мал робот во Црвениот кварт на Амстердам, кралицата Максима од Холандија отвори мост отпечатен со 3Д технологија. Тешката креација од 6 тони е прошарана со сензори, тие ќе помогнат да се одреди долгорочното однесување на 3Д-печатениот челик.
Тим Геуртјенс од компанијата „MX3D“, вели дека мостот кој е долг 12 метри покажува какви можности има оваа технологија.