Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето на фјучрс турнирот во Рим. На турнирот кој е со награден фонд од 60.000 долари, таа славеше над Мендез од Австралија со 2-1 во сетови.
Во полуфиналето нашата Лина ќе игра против Ралука Георгиана Сербан од Кипар (173. место на ВТА листата).