Пред нападите на нашиот младински состав, „падна“ и Украина, во полуфиналето, со одлична одбрана дојдовме до првата цел (66:53)
Македонија го продолжи победничкиот чекор на евро-шампионатот од Дивизијата „Б“ во Скопје. Во уште еден меч, кој беше оквалификуван како клучен, или најважен, нашите млади кошаркари одговорија на предизвикотг. Беа подобри од Украина, од првата, до последната минута на првиот полуфинален натпревар. На крајот, се наградија себеси со место во финалето, и тикет во друштвото на најдобрите 16 репрезентации во младинскиот „Под 20“ ФИБА сегмент.
Одбраната беше нашиот заштитен знак и во најголем дел од првото полувреме во полуфиналето со Украина.