
Германскиот двоец, Тони Егерт и Саша Бенекен, беше најбрз на денешната трка во Сигулда во рамките на Светскиот куп во санкање.
Имено, Егерт и Бенекен (1:23,856) ја запишаа петтата овосезонска победа, лоја и понатаму ги држи во игра за титулата, заземајќи го второто место во генералниот поредок.
Домашните санкачи, браќата Андрис и Јурис Шикс (+0,037), се искачија на второто место, но и понатаму останаа водечки во вкупниот пласман.
Третата позиција им припадна на Тобијас Вендл и на Тобијас Арлт (+0,193), кои ја заменија позицијата со Емануел Ридер и со Симон Каинцвалднер (+0,288) во втората серија.
Петтото место го зазеде второто најдобро летонско дуо, Мартинш Ботс и Робертс Плуме (+0,391), кое воедно беше и последно со заостаток помал од половина секунда.




