По победата од 1-4 над Амур Хабаровск пред два дена, Динамо Минск ја продолжи источната турнеја со уште еден триумф од 1-2 над Адмирал Владивосток.
Иако важеа за аутсајдери, претставниците на Белорусија успеаја да дојдат до важни бодови во тензичен натпревар со по седум дисциплински казни и на двете страни.
За Динамо, голот за почетно водство го заби Ник Меркли, а за триумф стрелаше Вадим Мороз на седум минути пред крајот.
На спротивната страна, единствен што го совлада голманот Алексеј Колосов (97,22% одбрани) беше Александер Горшков во третиот период.
Во Западната конференција, Динамо влезе во плејоф-зоната на осмата позиција, додека Адмирал е шести на Истокот.