
Првата трка во 2023 од Светскиот куп во биатлон беше женскиот спринт во Покљука, Словенија.
На него, најбрза беше Швеѓанката Елвира Оберг (20:25,2), која немаше ниеден промашај при пукањето.
Исто така, стопроцентен стрелачки учинок имаа и другите две медалистки, односно Жулија Симон (+6,9) и Доротеа Вирер (+18,7).
,,Благодарение” на едниот промашај, деветтиот подиум во кариерата и’ избега на Паулина Батовска Фијалкова (+26,5), а на петтата позиција заврши Маркета Давидова (+28,7).