
На денешната програма од Светскиот куп во санкање во Инсбрук, Австрија, беа вторите спринтови од тековната сезона.
Во машка поединечна конкуренција, домашната селекција се радуваше на двете први места, освоени од Волфганг Киндл (32,390) и од Јонас Милер (+0,040).
Третото место му припадна на Германецот Јоханес Лудвиг (+0,147), а четврт беше Италијанецот Доминик Фишналер (+0,183).
Кај машките дублови, актуелните шампиони, Томас Штој и Лоренц Колер (+0,065), го освоија третото место на домашен терен.
На победа се радуваа Германците Тони Егерт и Саша Бенекен (29,905), а второпласирани беа победниците на првиот спринт – браќата Андрис и Јурис Шикс (+0,055).
Уште една причина за славје на Австрија донесе и победата на Маделен Егле (29,982) во женскиот спринт.
Зад Австријката се пласираа трите најдобри Германки и најдобрата Летонка, односно Јулија Таубитц (+0,050), Ана Берајтер (+0,123), Натали Гајзенбергер (+0,128) и Елиза Тирума (+0,128).