Џек Рико на 15 години стана најмладиот човек кој некогаш дипломирал на Универзитетот Невада во Лас Вегас. Претходно Џек Рико поседува диплома и од Универзитетот Фулертон, кој го заврши на 13-годишна возраст и каде што е исто така најмладиот човек кој има диплома досега.
Интересно е што повторувал трето одделение од основното училиште. Иако постигнал натпросечни резултати на тестовите за интелигенција, некои предмети во школо не му “лежеле”. Неговите родители тогаш решиле да го школуваат дома.