
На денешната програма од Светскиот куп во крос-кантри во Дрезден, Германија, беа последните тимски трки во сезоната, односно првите во дисциплината спринт.
Кај дамите, најдобрите од вчерашната индивидуална трка, Маја Далквист и Јона Сундлинг ѝ донесоа злато на Шведска (15:45,81) пред САД (+1,11) и пред Словенија (+1,21).
Во составот на САД настапија Џеси Дигинс и Џулија Керн, а Анамарија Лампич и Ева Уревц ги бранеа боите на Словенија.
Во машка конкуренција, четири парови се наоѓаа во една секунда при што двојно славје имаа Норвежаните, во поредокот кој гласеше Норвешка 2 (14:19,34), Норвешка 1 (+0,42), Русија (+0,62) и Италија (+0,78).
Состав:
- Норвешка 2 (Томас Хеланд Ларсен и Евен Нортуг)
- Норвешка 1 (Синдре Бјорнштад Скар и Хаавард Солаас Таугбол)
- Русија (Александер Болшунов и Глеб Ретивих)
- Италија (Федерико Пелегрино и Франческо Де Фабијани)