Петтото издание на снукер турнирот „Инглиш Опен“ беше одиграно во Милтон Кинс за време на изминатите две недели, а истото беше освоено од домашниот натпреварувач – Џад Трамп.
Имено, Трамп го освои овој турнир за првпат во својата кариера што дополнително го задржува на првото место на светската ранг-листа. За Англичанецот, ова е вкупно десетто последователно добиено финале на рангираните турнири за вкупно осумнаесеттата титула во својата кариера. Ист број на титули имаат Марк Селби и Нил Робертсон.
Токму Робертсон беше играчот со којшто Трамп се соочи во денешното финале и успеа да го порази во последниот фрејм со 9-8. По изедначената прва серија од 4-4, во втората, Робертсон ги доби воведните три фрејмови за водство од 7-4. Сепак, Трамп успеа да направи пресврт и да стигне до трофејот наречен „Стив Дејвис“.