Сара Ристовска се етаблира како расен стрелец и на ракометарка која што може од крилната позиција да го пронајде патот до мрежата. Нејзиниот тим Цска Москва на гостувањето во Франција во рамките на Лига на Шампиони во групата Б против тимот на Брест Бретањ остварија тешка победа од 28:30.
Како пресуден момент до новата победа е првото полувреме и предноста од тој период од 13:17 па до самиот крај ја задржаа предноста и стигнаа до нова победа.
Сара Ристовска одигра одлично и постигна 4 гола, додека Цска Москва во пет кола има четири победи и едно реми за зацврстување на првото место во групата Б, па освен французинките уште се европскиот шампион Ѓер и тимот на Одензе во оваа група заедно со Цска.



