Лос Анџелес Лејкерс по освоената 17-та титула во НБА лигата се насочи веднаш на засилување на ростерот и создавање на најдобар тим и за следната сезона. Ентони Дејвис ќе го продолжи договорот, а на двоецот заедно со Леброн Џејмс управата сака да додаде уште еден искусен играч со победнички менталитет.
,,Езерџиите” ќе го ангажираат Дерик Роуз, поранешниот прв пик на Чикаго Булс кој во 2011 година беше прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната и стана најмлад кошаркар во историјата на НБА кој ја добил престижната награда.
Дерик Роуз кој веќе има 32 години и ова му е последна шанса да влезе во шампионски тим по шампионски прстен, минатата сезона во дресот на Детроит Пистонс имаше одличен учинок од 18 поени и 5 асистенции.
Планот на шампионот е размена со Кајл Кузма или трејд за Дени Грин и иден пик од драфтот во 2021 година. ЛА Лејкерс полека но сигурно создаваат тим кој ќе доминира неколку сезони по ред во НБА лигата.