Во 27. коло од тековната Лиг 1 сезона, силите ги одмерија двата лути ,,истоимени” ривали – МК Донс и Вимблдон.
Ова дерби е познато поради својата контроверзност. Имено, МК Донс е тим што настанал на почетокот на 21. век, веднаш по преселувањето на поранешниот клуб Вимблдон во градот Милтон Кинс.
Оваа идеја првично била одбиена, но тогашниот претседател на Вимблдон, Чарлс Копел, решил да го пресели клубот 90 километри северо-западно. Две години подоцна, во 2004, клубот го сменил своето име во Милтон Кинс Донс. Акронимот „Донс” доаѓа од претходното име на тимот – Вимблдон.
Незадоволните фанови на Вимблдон веднаш покренале иницијатива и уште истата година (2002) основале нов клуб наречен АФК Вимблдон. Клубот забележал рапиден успех и во 2012 веќе заигра во англиската четврта лига.
Денешниот меч беше јубилеен десетти помеѓу двете екипи и на него славеа МК Донс, со резултат од 0-2.
Стрелец на првиот гол на мечот беше Метју О’Рајли (60′), кој се запиша во листата на стрелците за првпат во сениорската кариера.
Предноста на гостите ја удвои Метју Соринола само три минути подоцна, со својот дебитантски погодок во дресот на МК Донс.
Со новите три поени, победничкиот состав остана на шеснаесеттото место на табелата, додека Вимблдон останува во ,,црвената” зона.
📸 Alex Pantling/Getty Images



