Во 27. коло од англиската Лиг 2, силите ги одмерија Челтенам Таун и Форест Грин Роверс.
Земајќи го предвид фактот дека и двете екипи се наоѓаат во областа Глостершир, ова дерби го носи името ,,Ел Глосико”.
Ривалството на двете екипи, освен географски, има и престижен карактер. Имено, моментално Челтенам и Форест Грин се борат за промоција во третата лига, а до пред четири години, водеа битка во Националната лига (петти ранг) за пласман во професионалниот англиски фудбал.
На денешниот меч, резултатот остана 0-0, иако Форест Грин остана со десетмина на теренот, откако Ебу Адамс доби втор жолт картон во 69. минута.
Поделбата на бодовите резултираше со останување на екипите во горниот дел на табелата, односно на третото и на четвртото место.
📸 Dan Istitene/Getty Images



