Втор пријателски натпревар и втора победа за ЖФК Тиверија на зимските подготовки пред почетокот на втората натпреварувачка полусезона во Прва ЖФЛ. На втората контролна средба струмичанки дојдоа до висок триумф од 10:0 против младата екипа на ЖФК Топ Гол од Битола.
Стрелци за оваа победа беа Димоска со хет-трик, потоа двоен стрелец беше Николовска, а по еден гол постигнаа Панеска, Велкова Р, Недева, Галабовска и Панчурова од пенал.
Состав на ЖФК Тиверија: Панчурова, Недева, Бошеска, Ѓорѓиева, Николова, Ристовска (к), Велкова С, Панеска, Велкова Р, Николовска, Димоска. Во игра влегоа : Јосифова, Бошевска, Цунева, Василева и Галабовска.



