Првиот денешен меч во рамките на 39. коло од англиската Лиг 1 го одиграа две екипи што конкурираат за плејоф – Донкастер и Чарлтон.
На него, до втората победа на последните три средби дојде Чарлтон, кој не знае за пораз веќе седум натпревари.
Претставниците на Лондон денес триумфираа во Јужен Јоркшир со резултат од 0-1.
Стрелец на единствениот погодок на овој дуел беше Холанѓанецот Ијан Маатсен (12′), кој се запиша во листата на стрелците за првпат во новата средина.
Од друга страна, Донкастер загуби по четврти пат на последните шест мечеви и падна на деветтото место на табелата.
Што се однесува до Чарлтон, неговата позитивна серија му помогна да ја освои петтата позиција.
📸 Twitter: Charlton Athletic FC