Двете најстари екипи во Националната Лига (англиската петта дивизија) се Нотс Каунти и Рексам.
Имено, Нотс Каунти е оформен во Нотингем во 1862, додека Рексам потекнува од истоимениот град во Велс и датира од 1864.
Овие два ривали ги одмерија силите во денешното 35. коло, во меч кој заврши со 1-0 во корист на Нотс Каунти.
Домаќините важеа за благи фаворити и ја оправдаа улогата дури во 80. минута, кога дефанзивецот Марк Елис ја затресе мрежата на Роб Лејнтон.
За Елис, ова беше шести лигашки настап за ,,Страчките” по доаѓањето од Транмер, на кој го запиша својот втор погодок во новата сезона.
Во последната минута од регуларниот дел, домаќините останаа со играч помалку, откако втор жолт картон доби најдобриот стрелец Кајл Вутон.
По заминувањето на тренерот Нил Ардли, на кормилото на Нотс Каунти застана Ијан Бурхнал, кој запиша два порази во првите две средби.
Најпрво, Англичанецот и ,,Црно-белите” беа поразени на пенали од седмолигашот Хорнчурч во полуфиналето на ФА Трофи, а во претходното коло загубија од Алдершот со 0-1.
Денес, клубот од ,,Медоу Лејн” дојде до првата победа во лигата после 20 март, а воедно и до четвртата позиција на табелата.
Од друга страна, Рексам од петтото, падна на шестото место, но остана во плејоф-зоната.
📸 Twitter: Wrexham AFC