Норт Мелбурн Кенгарус важат за најслабиот овосезонски тим во АФЛ, а денес го потврдија овој епитет, откако беа декласирани со (5.9) 39-167 (25.17) од Вестерн Булдогс.
Единствена релативно компетитивна четвртина беше првата, во која ,,Кенгурите” успеаја да се држат резултатски со своите ривали, влегувајќи во вториот квартал со (2.2) 14-26 (4.2).
Во наредните четвртини, Булдогс само ја билдаа својата предност, која успеа да стане и трицифрена во самиот финиш.
Натпреварот на својата кариера го одигра најефикасниот играч на победничкиот состав, Џош Брус, кој постигна дури 62 поени (10.2)! Исто така, Брус стана само петнаесеттиот фудбалер во историјата со постигнати десет голови на еден натпревар.
Освен него, од соиграчите се истакнаа уште Адам Трелоур (3.1), Тим Инглиш (3.0) и Арон Нотон (2.2).
Од другата страна, голови постигнаа Џејдин Стивенсон (2.0), Ник Ларки (1.1), Чарли Лазаро (1.1) и Арон Хол (1.0).
На табелата, Норт Мелбурн останува на последното место без ниту еден освоен поен, додека Булдогс го презедоа врвот со стопроцентен учинок.
📸 Quinn Rooney/Getty Images