
Жистин Бреза-Буше го оствари најдобриот резултат во својата кариера, откако денес го освои првото олимписко злато.
Имено, Французинката (40:18,0) беше најбрза на денешната трка по масовен старт во биатлон во женска конкуренција.
На второто место се пласираше минатогодишната освојувачка на Светскиот куп, Тирил Екоф (+15,3), која го доби првото сребро на ЗОИ во индивидуална конкуренција.
Нејзината сонародничка и актуелна лидерка во генералниот поредок на Светскиот куп, Марте Олсбу Роиселанд (+34,9), се радуваше на бронзен медал и стана првата дама со пет одличја на едни Зимски олимписки игри.
Пласманот во првите пет го комплетираа Маркета Давидова (+53,4) и Кристина Резцова (+1:11,0), кои потфрлија на последното стрелање.