На машката олимписка трка во дисциплината ски-крос во фристајл скијање, Швајцарија оствари двојно славје.
Имено, со првиот олимписки наслов се здоби Рајан Регец, кој убедливо отскија во големото финале.
На второто место заврши неговиот сонародник и актуелен светски првак, Алекс Фива, кој исто така дебитираше на олимпискиот пиедестал.
Со бронзен медал се закити Русинот Сергеј Риѕик, односно скијачот што беше третопласиран и во Пјонгчанг 2018, а единствен без одличје од финалната трка остана Ерик Моберг.
Во малото финале, распоредот гласеше: Симоне Деромедис, Брејди Леман, Јоханес Рорвек и Франсуа Плас.