
Еилеен Гу испиша историја на ЗОИ 2022 со тоа што стана првата натпреварувачка во историјата со три освоени медали на едни Зимски олимписки игри во фристајл скијање.
Денес, кинеската скијачка го освои второто злато на домашен терен, откако триумфираше во дисциплината халфпајп.
Гу освои 95,25 поени во втората серија во финалето и се здоби со второто злато во период од десет дена.
Осумнаесетгодишната Гу, освен во халфпајп, е новата олимписка шампионка во биг ер, односно вицешампионка во слоупстајл.
На денешното натпреварување, на второто место заврши првенката од Пјонгчанг 2018, Канаѓанката Кејси Шарп (90,75), а подиумот го комплетираше нејзината сонародничка – Рејчел Каркер (87,75).
За само 0,75 поени, без пиедестал остана Естонката Кели Силдару (87,00), а во првите пет се најде уште Ли Фангхуи (86,50).