Дебрецин загуби на гостувањето кај Хонвед од 4-2 во 23. коло од фудбалскиот шампионат на Унгарија. Браќата Давид и Дориан Бабунски одиграа добар натпревар за својот тим и покрај поразот. Помладиот Дориан успеа да постигне и погодок за израмнување на 2-2 во 58. минута.