сабота, мај 28, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Работнички преку одличниот Едвин испушти сензација против МЗТ

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
март 6, 2022
📁 Кошарка

Вечното дерби, број 158 им припадна на МЗТ Скопје Аеродром со 89:83 против одличниот Работнички. Работнички, во осетно изменет состав и играчки и тренерски, му стави до знаење на фаворитот на хартија дека нема намера да се предаде пред топката да биде потфрлена.

Тоа особено се однесува за минутите и играта која ја прикажа во воведниот период нивното ново засилување, Деон Едвин кој за 15 минути на теренот испорача дури 19. поени, беше главниот двигател во играта на „бело-црвените“ кои имаа минимално, но постојано водство.

Ефикасната прва четвртина домашната екипа ја затвори со предност (29:26). До истекот на 20.минута, аеродромци ја сведоа негативата на минимална (45:46). Едвин стигна до 22 реализации, а другото ново-старо лице во тимот од „Градски парк“ Стефан Балмазовиќ, дојде до 11.На другата страна од теренот, погодуваа деветмина кошаркари, но ниту едне од нив не ја помина бројката од барем десет поени.

Средишниот дел од третата четвртина донесе многу поефикасна игра на гостинската екипа. Почнаа да погодуваат од далечина „сино-белите“. Преку капитенот Дамјан Стојановски, кој казни серија на неколку нивни грешки, и серијата од (13-0), се одвоија на (66:58), по нецели 28.минути од играта во дербито на 17.коло. Тројката која дојде од Николов за двоцифрен плус од (69:58), уште повеќе го продлабочи периодот на криза во играта на Работнички. Го прекинаа со шест поени, но Дејвис го прекина „враќањето“ на домашната екипа. Силниот Американец со тројка постави (72:64) по три одиграни четвртини.

Нецели две минути им требаа на избраниците на тренерот Игор Михајловски да направат мини-серија (7-0), и да стигат до само еден поен негатива (71:72), и го натераа новот тренер на „металците“ Александар Петровиќ на брз „тајм-аут“.

Без особен ефект затоа што најдобриот поединец кај Работнички, Деон Едвин, погоди уште една тројка, за промена на водството (74:73).Уште една, но на „сино-белата“ страна, со пет поени по ред, донесе Дејвис за (78:74), а Мекиќ и Милошевиќ ја пролонгираа серијата на МЗТ Скопје Аеродром на (9-0) поставија уште повисоки (82:74) на 2:41 минути пред крајот на дербито во СРЦ „Кале“.

Сепак, по 32.поен на Едвин, беше „само“ (82:80) за гостите на 1:49 минути до финалната сирена.Шансата за егал, не ја искористи Марковски, веднаш казни Милошевиќ за (84:80), предност која гостите ја одбранија, за скор (14-3) со кој го задржаа чекорот со лидерот Пелистер. 

РАБОТНИЧКИ – МЗТ 83 -89 (ЦЕЛОСНА СТАТИСТИКА)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром       83:89

МЗТ Скопје Уни Банка – Навико Академија ФМП 63:84

Ангели – ТФТ          54:77

Еуро Никел 2005 – Кожув          96:75

Гостивар – Феникс 2010 78:63

7. МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.30: Куманово 2009 – Пелистер

Сала на Економско училиште „Перо Наков“ – Куманово

Стрим: https://youtu.be/s8nSxFkW34c

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Актуелните шампиони на чекор до пласман во четвртфиналето

Следна вест

Браќата Бабунски одиграа добро за Дебрецин. Едниот постигна и гол

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

(ВИДЕО) Полуфиналето помеѓу Бостон и Мајами ќе се одлучи со ,,мајсторка”
Кошарка

(ВИДЕО) Полуфиналето помеѓу Бостон и Мајами ќе се одлучи со ,,мајсторка”

✏️ Епов Насе
28/Мај/2022
(ВИДЕО) Голден Стејт Вориорс се пласираа во финалето на НБА
Кошарка

(ВИДЕО) Голден Стејт Вориорс се пласираа во финалето на НБА

✏️ Епов Насе
27/Мај/2022
(ВИДЕО) Бостон славеше на гостински терен и поведе со 3-2
Кошарка

(ВИДЕО) Бостон славеше на гостински терен и поведе со 3-2

✏️ Епов Насе
26/Мај/2022
(ВИДЕО) Дончиќ со дабл-дабл ја спаси првата ,,меч-топка” на Голден Стејт
Кошарка

(ВИДЕО) Дончиќ со дабл-дабл ја спаси првата ,,меч-топка” на Голден Стејт

✏️ Епов Насе
25/Мај/2022
Следна вест
Браќата Бабунски одиграа добро за Дебрецин. Едниот постигна и гол

Браќата Бабунски одиграа добро за Дебрецин. Едниот постигна и гол

Последно

(ВИДЕО) Фантастичен подвиг на Фриментл: Шампионите загубија за првпат сезонава

(ВИДЕО) Два хоум-рани во четвртиот ининг за триумф на Јенкис

(ВИДЕО) Колорадо во полуфинале со гол во последните секунди

(ВИДЕО) Полуфиналето помеѓу Бостон и Мајами ќе се одлучи со ,,мајсторка”

Новиот третолигаш доведе нов тренер: Сопственикот културно го ,,навреди” неговиот претходник

Бристол Сити се зајакна со два квалитетни слободни играчи

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.