
Словенката Ника Крижнар е победничка на норвешката турнеја ,,Роу Ер” во рамките на Светскиот куп во ски скокови.
Крижнар победи на едно натпреварување и на две квалификации, а беше на подиумот уште четири пати.
На завршниот настан, словенечката скокачка се пласираше на четвртата позиција што беше доволно за осигурување на вкупната круна.
На подиумот пред Крижнар се пласираа Сара Таканаши, Урша Богатај и Јуки Ито, кои имаа најмалку по еден пиедестал на секое скокање од турнејата.
На петтото место заврши Австријката Марита Крамер, која остана на лидерската позиција во генералниот поредок.
Во продолжение, пласман во првите десет изборија уште: Кјара Кројцер, Силје Опсет, Катарина Алтхаус, Јернеја Брецл и Лиза Едер.




