Во четвртото коло од женската турска одбојкарска Султанлар лига, Ечачибаши го запиша вториот овосезонски триумф.
Избраничките на Ферхат Акбас, среде Истанбул, во дербито на колото, беа подобри од Хава Јолари со убедливи 3-0.
По сетови, резултатот гласеше 25-16, 25-20 и 25-20 во корист на актуелните европски вицешампионки.
Од нив, со 23 поени, најефикасна беше српската репрезентативка Тијана Бошковиќ, а по неа следуваа Лаура Хејрман (12) и Бејза Аричи (10).
Од гостинскиот состав, во нападот најмногу се истакна Кира Ван Рик со 22 поени, која воедно беше и единствена со двоцифрен учинок.
Со новите три бодови, Ечачибаши скокна на третото место, додека Хава Јолари падна на петтата позиција.